Португалскиот гигант Спортинг од Лисабон одлучи да ја преименува младинската академија во чест на Кристијано Роналдо.
Сега академијата на славниот клуб од Лисабон го носи името на португалскиот репрезентативец и еден од најдобрите фудбалери во светот.
Роналдо ги направи првите чекори во Спортинг, од каде замина во Манчестер Јунајтед, а подоцна и во Реал Мадрид и Јувентус.
“Горди сме да објавиме дека клупската академија ќе го носи името на Кристијано Роналдо. Академијата ќе го овековечи името на еден од најголемите симболи што ги создаде и ќе биде инспирација за сите млади таленти”, објави Спортинг.
Роналдо играше за Спортинг од 1997 година. Роден е на островот Мадеира, но на само 12 години стана член на еден од најголемите клубови во неговата земја. Дебитираше во 2002 година на 17-годишна возраст, а неговиот талент прв го забележа Сер Алекс Фергусон кој го однесе во Манчестер во 2003 година.