ФУДБАЛ

Едниот е арогантен, а другиот вистински џентлмен: Реакцијата на Меси откако Мбапе го спречи да постигне чист гол

ПСЖ синоќа пред своите гледачи го победи Брест со минимален резултат 1:0.

Навивачите на ПСЖ очекуваа лесна победа на својот тим и ново блескаво издание на своите напаѓачи, но на крајот ПСЖ потешко од очекувањата успеа да постигне уште три бода.

Одлучувачкиот момент на оваа игра се случи во 30. минута кога Лионел Меси одлично асистираше за Нејмар, кој одлично ја прими топката и го совлада голманот на Брест за 1:0.

Гостите дадоа навистина голем отпор и во средината на вториот дел можеа и да израмнат кога судијата досуди пенал, но Донарума на крајот го одбрани ударот на Слимани.

Но, деталот кој го одбележа натпреварот се случи во 20. минута, а во центарот на вниманието беа Лионел Меси и Килијан Мбапе.

По една акција Меси шутираше од десетина метри и топката скоро влезе во голот на Брест, но потоа ја зафати Килијан Мбапе, а на крајот отиде покрај голот.

Да не беше Мбапе, сигурно ќе беше чист гол за парижаните, но на овој начин францускиот напаѓач го спаси противникот, но и го „украде“ голот на Меси.

Мбапе во последните недели е под голем лупа на јавноста поради неговото арогантно однесување, кое за многумина е неприфатливо, а оваа ситуација сигурно нема да му помогне да ги смири сите тие страсти.

Француските медиуми наведуваат дека во оваа ситуација Меси му покажал на Мбапе како треба да се однесува еден фудбалски џентлмен, и дека мора да научи од подобри и поискусни играчи како се прави тоа.

Имено, откако Меси виде дека Мбапе го спречи неговиот гол, го погледна, но потоа само се насмеа, иако сигурно не беше среќен што топката не заврши во голот на противничката екипа.

Но, Меси тоа вешто го криеше и само се насмеа, а на Мбапе му покажа дека понекогаш мора да ги крие чувствата и да се однесува како господин за да ги избегне сите тешки критики кои ги добиваше во претходните недели.

https://twitter.com/the_ehsanulhaq/status/1568622679804215296