Сенегалецот Едуард Менди е новиот голман на Челзи.
По долги преговори со Рен, трансферот на одличниот чувар на мрежата беше завршен денес и Менди потпиша договор со Челзи.
“Возбуден сум што сум во Челзи. Го исполнив мојот сон со доаѓањето во ваков тим. Едвај чекам да бранам”, рече Менди.
28-годишниот играч веројатно ќе биде првиот голман на Френк Лампард по навистина очајното купување во форма на Кепа.
Сепак, останува да се види дали тоа навистина ќе биде така, но нема сомнение дека Челзи доби одличен голман.