ФУДБАЛ

Ефикасно реми на Уругвај и Јапонија

Четири гола и нерешен резултат 2:2 е исходот на дуелот меѓу Уругвај и Јапонија одигран ноќеска во Порто Алегре во рамките на 2.коло група-Ц на Купот на Америка.

Јапонците двапати беа во водство со головите на Који Мијоши, но Уругвај не дозволи изненадување и успеа да стигне до бод благодарание на Луис Суарез кој погоди од пенал и Хозе Мариа Хименез кој во 66. минута го постави конечниот резултат.

Во пресрет на другата средба од втората рунда, Уругвај е лидер со 4 бода, Чиле има 3 и натпревар помалку, Јапонија е трета со 1 бод, Еквадор е без бодови и натпревар помалку.

Еквадор и Чиле својот натпревар ќе го одиграат вечер во 1 часот по полноќ.