Францускиот реномиран весник „Л’Екип“ пишува дека ЕХФ ќе го активира планот кој се однесува на директен Ф4 во ракометната елита, без одигрување на натпревари во нокаут-рундата.
Тоа би значело дека во Келн ќе настапуваат ПСЖ, Барселона, Кил и Веспрем, а јасно е дека ЕХФ нема да се откаже од фајнл-фор турнирот поради приходот кој го добива од овој настан.
Од тоа најмногу ќе трпи македонскиот и европски ракометен првак Вардар кој ако се остварат најавите, ќе биде елиминира без борба.
Ф4-турнирот во машката ЛШ е најавен на 22 и 23 август, додека во женската ЛШ датумите се 5 и 6 септември.