Еден од најдобрите фудбалери на сите времиња Кристијано Роналдо во Јувентус пристигна пред нешто повеќе од две години, но се уште не го научил италијанскиот јазик. Токму поради тоа, жестоко е критикуван од некогашниот фудбалер на „Старата дама“ Пасквале Бруно.
-Роналдо е незнајко. Две години во Италија и се уште не го научил нашиот јазик, зборува шпански. Не ги почитува своите соиграчи, но и Италијанците, изјави Бруно.
Освен за Јувентус, Бруно играше за Торино, Фиорентина, Комо и Лече.