Иван Перишиќ неодамна се прости од дресот на Баерн, а многу бргу би можел да се врати во Бундеслигата.
Интер не смета на услугите на 31-годишниот хрватски фудбалер и тие се подготвени да го продадат за 15 милиони евра. Во моментов се водат преговори со три клуба.
Сите три клуб се од Бундеслигата. Интерес за Перишиќ покажуваат РБ Лајпциг, Херта и Баер Леверкузен и нема сомнеж дека Хрватот би бил засилување за која било од овие екипи.
Перишиќ има договор со Интер до 2022 година. Сепак, одамна е јасно дека Антонио Конте не смета на него и на крајот ќе видиме каде ќе заврши.
Хрватскиот фудбалер минатата сезона ја помина на позајмица во Баерн и ги освои сите можни трофеи. Тој е член на „нероаѕурите“ од 2015 година, а претходно играше за Волфсбург, Борусија Дортмунд и Клуб Бриж.