Шпанската фудбалска федерација донесе интересна одлука денес за претстојните натпревари од Суперкупот.
Четири екипи ќе се борат за трофејот кон средината на јануари во Севиља, а тоа се шампионот Реал Мадрид, вицешампионот Барселона и финалистите од Купот, Атлетик Билбао и Реал Сосиедад.
Бидејќи финалето на Купот за минатата сезона не беше одиграно, беше одлучено овие екипи да не се соочуваат едни со други во полуфиналето од Суперкупот, а на ждрепката ќе можат да ги извлечат Реал или Барселона.
Според правилата на Суперкупот, шампионот (Реал Мадрид) требаше да игра со губитникот од финалето на Купот, и вицешампионот на Шпанија (Барселона) против победникот во Купот.
Како и да е, бидејќи финалето не се играше, беше решено да се извлече кој ќе игра со Реал, а кој со Барселона, а наскоро ќе дознаеме за какви парови станува збор. Така, славното Ел Класико е можно само во финалето на Суперкупот.
Полуфиналните дуели се закажани за 13 и 14 јануари, а финалето е закажано за 17 јануари.