ФУДБАЛ

„Ел Класико“ во Ријад – Се тестира непобедливоста на Анчелоти во финалето!

Реал и Барселона вечерва се борат за трофејот во шпанскиот Суперкуп.

Вечерва ќе биде доделен првиот шпански трофеј во сезоната, а за трофејот во Суперкупот ќе се борат Реал Мадрид и Барселона. Натпреварот се игра од 20:00 часот во Ријад, главниот град на Саудиска Арабија.

И двајцата во финалето влегоа преку пенали. Реал ја победи Валенсија, а Барселона беше подобра од Бетис.

Карло Анчелоти, тренерот на Реал, за разлика од неговиот колега Чави, има кадровски проблеми и нема да може да смета на Чуамени, Алаба, Лукас Васкез. Но…

Во изминатите 13 години, тимовите на Анчелоти ги освоија сите 10 финалиња.

“Статистиката мора да се промени. Мотивирани сме и среќни што стигнавме до финалето. Тимот мора да разбере од каде доаѓа. Ќе играме против Реал Мадрид, тоа е дополнителна мотивација, а дополнително ме мотивира фактот што Анчелоти нема пораз во финале од 2010 година“, изјави тренерот на Барселона, Чави.

Серијата на Анчелоти започна кога со Челзи го освои ФА Купот. Тогаш овој тренер раководеше со Реал Мадрид со кој го освои Купот на кралот, Лигата на шампионите, Суперкупот на Европа, а потоа и Светското клупско првенство во 2014 година.

Следува Баерн и две победи во финалето на германскиот Суперкуп, а потоа враќање во Реал Мадрид и повторно финале во Лигата на шампионите, Суперкупот на Шпанија и Суперкупот на Европа.