Во натпреварот од 25. коло на Ла Лига, Ваљадолид ремизираше 1:1 на гостувањето кај Елче.
Канаѓанецот Кајл Ларин го постигна водечкиот гол за Ваљадолид во четвртата минута од натпреварот.
И кога се чинеше дека најлошиот тим во лигата ќе доживее нов пораз, во шестата минута од судиското надополнување Моренте постигна гол за израмнување и голем бод на домашните.
Елче веќе е отпишан во борбата за опстанок, а ова им беше само 13. освоен бод. Заостануваат цели 12 бода од екипите кои се во сигурната зона.
Ваљадолид е на 13. место.
