Наполи на домашен терен уште еднаш славеше против Ајакс, овој пат со 4:2. Лозано и Распадори во првиот дел погодија за 2:0 за домаќините, Класен во вториот дел намали на 2:1. Кварацкелија повторно врати на плус 2 за Наполи, а Бергвијн во 83-та за момент ја врати резулатската неизвесност за 3:2. Точка на мечот стави Осимхен во 89-та минута. Елиф Елмас во игра влезе во 77-ма минута. Наполи со оваа победа има максимален учинок по четири кола и 12 бода, со што уште сега обезбеди пласман во осминафилането.
Резултати, 4.коло.
Група А
Наполи – Ајакс 4:2
Ренџерс – Ливерпул 1:7
Табела: Наполи 12, Ливерпул 9, Ајакс 3, Ренџерс 0.
Група Б
Атлетико Мадрид – Бриж 0:0
Баер Леверкузен – Порто 0:3
Табела: Бриж 10, Порто 6, Атлетико Мадрид 4, Баер Леверкузен 3.
Група Ц
Барселона – Интер 3:3
Виктоија Плзен – Баерн Минхен 2:4
Табела: Баерн Минхен 12, Интер 7, Барселона 4, Викторија Плзен 0.
Група Д.
Спортинг – Марсеј 0:2
Тотенхем – Ајнтрахт 3:2
Табела: Тотенхем 7, Марсеј 6, Спортинг 6, Ајнтрахт 4.