Македонската фудбалска репрезентација вечерва против Фарски Острови игра пријателски меч.
“Сите ние во репрезентацијата секогаш кога доаѓаме го даваме најдоброто од нас за Македонија. Така ќе биде и со Фарски острови. Јас за репрезентацијата секогаш сум максимално мотивиран. Тоа што е Наполи, тоа останува таму и во моментов е небитно, размислувам само за Македонија. Секогаш се трудам да го дадам максимумот”, вели Елмас.
Мечот се игра со почеток во 18 часот.
