Елиф Елмас поради суспензија нема да може да му помогне на Македонија во плејоф дуелот со Италија, но доколку Македонија ја мине Италија, Елмас ќе биде на располагање за битката за пласман на СП во Катар.
Елиф Елмас е дел од специјалната најава за натпреварот направена од „УЕФА ТВ“, а во неа изјави дека доколку се пласираме на Светско првенство, ќе прави торта на Плоштад.
„Дај боже да се пласираме на Светско првенство, после тоа не се секирајте, ако треба на Плоштад ќе правам една торта“ – најави Елмас.