Во дербито на 18. коло од Серија А вечерва силите ги одмерија Милан и Наполи.
Заврши 1-0 за гостите.
Наполи поведе во петтата минута кога Елмас извонредно од корнер и го совлада голманот на Милан.
Не долго после тоа можеше да биде 1:1. Ибрахимовиќ шутираше со глава, но ја промаши стативата. Се обиде за домашните во 37. минута и Флоренци, но и тој не беше прецизен. Тоа беше конечниот резултат од првиот дел.
Наполи подобро го отвори второто полувреме, се закани Петања, но домашните блокираа и топката отиде во корнер.
Во продолжение без големи возбудувања, но до 90. минута кога Кесие погоди за 1:1, но на асистенција на ВАР голот беше поништен поради недозволена позиција и остана 0:1.
Наполи сега има 39 бода на своето конто, колку и Милан, но Наполи има подобра гол разлика и го зазема второто место. Лидер е Интер со 43 освоени бода.
Серија А, 18. коло
Милан – Наполи 0:1