Вечерва ќе имаме прилика за уште два осминафинални натпревари во Лигата на шампиони (ЛШ), по што ќе бидат познати сите патници на фајнлејт-турнирот во елитното натпреварување.
На вториот вечерашен меч ќе се соочат Барселона и Наполи, а италијанската екипа може да им направи пекол на Каталонците доколку ги елиминира од ЛШ.
Каталонците ја загубија борбата за титулата во Ла Лига по рестартот на сезоната, а за мечот против Елиф Елмас и Наполи нема да можат да сметаат на еден куп фудбалери, меѓу кои се Самуел Умтити, Осман дембеле, Серхио Бускетс и Артуро Видал.