Синоќа избраниците на Гатузо го освоија трофејот во Купот на Италија, со победа на пенали против Јувентус.
Нашиот репрезентативец влезе во игра на само 2 минути пред крајот на натпреварот, и само по една минута имаше шанса за победа во регуларните минути но не усеа да реализира.
Иако не постигна гол ниту во пенал рупетот, Елмас беше пресреќен со трофејот.
Тој објави фотографија на инстаграм и напиша: „Првиот трофеј во мојата кариера го освоив со специјален тим. Магична ноќ, со надеж дека со овој трофеј ќе започне долгата серија“
https://www.instagram.com/p/CBji4b6IvIK/?utm_source=ig_embed
https://www.facebook.com/elifelmas99/videos/637740430176728/
Се надеваме дека Елмас ќе продолжи со освојување на трофеи. Честито титула.