Елиф Елмас порад отсуството на Осимен синоќа против Милан играше „лажна деветка“ односно напаѓач. Беше блиску да постигне гол, но пречката го спречи во тоа. За италијанските медиуми вели дека е задоволен од неговиот перформанс, со оглед на тоа дека прв пат игра како напаѓач, и дека шанси се уште Наполи има бидејќи за една недела се игра реваншот.
Сепак, Елмас иако не сакаше да навлегува во детали, имаше збор два за судиите.
-Не би сакал да зборувам за судијате, тој свиреше константно неповолно за нас и многу наши играчи беа опоменати. Од друга страна, Милан правеше фаули и нивните фудбалери не беа казнувани. Вакво нешто немам видено во така важен меч на Лигата на шампионите“, изјави Елмас за тамошните медиуми.
