Македонскиот репрезентативец Елиф Елмас по потпишувањето на петгодишниот договор со Фенербахче беше претставен како голема идна ѕвезда на клубот.
Турскиот тим одржа и прес конференција на која покрај Елмас беа претставени и двете нови засилувања на клубот Винсент Јансен и Луис Нето.
Среќен сум што сум дел од голем клуб како Фенербахче. Овој потпис за мене е само остварување на сонот, бидејќи моето семејство и многу мои пријатели навиваат токму за овој клуб. Се надевам дека ќе бидам успешен. Ќе почекам и до јануари за да добијам право на настап и ќе можам добро да се прилагодам на турскиот фудбал. На крај поздрав и до мојот добар пријател, Перо Антиќ, кој имаше голема улога за моето доаѓање, изјави на презентацијата Елиф Елмас.