ФУДБАЛ

Емануел Адебајор има нов клуб!

Искусниот Емануел Адебајор по неколку месеци без ангажман денес и официјално стана член на неговиот нов клуб.

35-годишниот напаѓач го доби „најегзотичниот“ ангажман досега. Поточно, тој потпиша договор со Парагвај Олимпија.

Патем, клубот од Асунсион е шампион на Парагвај.

Адебајор играше во Турција од почетокот на 2017 година до крајот на 2019 година, прво за Басакшехир, а потоа и за Кајзери. Тој го напушти Кајзериспор на почетокот на декември минатата година за да стане слободен агент.

Адебајор најголемиот дел од својата кариера (и најдобри денови) ги помина во Англија каде настапуваше за Арсенал, Манчестер Сити, Тотенхем и Кристал Палас. Тој исто така играше во Франција за Мец и Монако, а кратко и во Шпанија каде ги бранеше боите на Реал Мадрид.