ФУДБАЛ

Емболо: Јас сум исклучително горд

Стрелецот на единствениот гол на средбата меѓу Швајцарија и Камерун, Брил Емболо, беше во центарот на вниманието не само за голот, туку и за тоа што ја победи земјата во која е роден.

– Исклучително сум горд, навистина сум. Првиот гол на Мундијалот против Камерун. После долго време и многу муабет. Јас сум исклучително горд на себе и на моето семејство. Секоја чест за тимот кој прикажа многу зрела игра. Првите 30 минути беа силни, ја контролиравме играта, а потоа правевме глупави грешки. Сепак, одлично го започнавме второто полувреме. Веднаш го спроведовме она што го разговаравме на паузата. Така добивме шанса и на крајот го постигнавме победничкиот гол – изјави Емболо .

Швајцарија се натпреварува во групата Г, во која покрај Камерун се и Бразил и Србија. Швајцарецот следно игра против Бразил во понеделник.