Вечерва се одиграа натпреварите од 1.коло од групната фаза на Лига Европа.
Црвена Звезда играше против Монако во Белград, а гостинскиот тим победи.
Првото полувреме помина во голема борба. Двете екипи имаа по една многу добра шанса, но на пауза заминаа со почетниот резултат 0:0.
Второто полувреме донесе многу подобра игра на домашните, но сепак трите бода одат на Франција.
Се играше 74. минута кога беше досуден пенал за екипата на Монако, а сигурен изведувач беше Емболо кој му донесе победа на својот тим. Неговиот гол можете да го погледнете ТУКА.
До крајот на натпреварот Црвена звезда се обиде да израмни, но не успеа.
Ференцварош на домашен терен оствари победа од 3:2 против екипата на Трабзонспор. Започна добро за домашните, кои постигнаа гол во 5. минута за водство од 1:0. Стрелецот беше Нгуен.
После тоа, во 16. минута голема глупост на Чивиќ, кој по невнимателен старт доби директен црвен картон.
Тоа не им пречеше на соиграчите, кои во 29. минута зголемија на 2:0, а голот го постигна Траоре. Сепак, Трабзонспор во 39. минута преку Гомез намали на 2:1.
До крајот на полувремето се виде уште еден гол, кој се најде во мрежата на гостите. Стрелец за 3:1 повторно беше Нгуен во 44. минута од пенал.
Бозок со гол во 71. минута намали на 3:2, но гостите немаа сили да дојдат до бод.
Екипата на Фрајбург на домашен терен го совлада Карабаг со 2:1, а сите три гола беа постигнати во првото полувреме.
Грифо во 7. минута од пенал ги доведе домашните во водство, а само осум минути подоцна беше 2:0.
Голот потоа го постигна Доан. Конечниот резултат на натпреварот го постави Вешовиќ во 39. минута од натпреварот.
Во останатите натпревари Лацио беше сигурен на домашен терен и победи со 4:2 против Феенорд.
Нант беше подобар од Олимпијакос со 2:1, а Штурм на домашен терен го победи Митјиланд со 1:0.