ФУДБАЛ

Емери: Би сакал да се испробам во Серија А.

Шпанскиот стручњак Унаи Емери беше остана без работа кон крајот на минатата година, откако беше отпуштен од Арсенал.

Емери рече дека веднаш по неговото разрешување, тој донел одлука да направи пауза до летото, и да најде нов ангажман пред почетокот на следната сезона. Во интервју за „TuttoJuve.com“, тој откри дека размислува да дојде во Италија.

„Јас тренирам 16 години по ред и решив да одморам малку време за да се подготвам за новиот предизвик. Јас нема да ги исклучам понудите од Лига пет, и сè уште не сум работел во Италија и би сакал да се обидам таму”, рече Емери.

„Точно е дека сум во контакт со неколку италијански клубови, но поради некои различни причини сè уште не сум работел таму. Отворен сум за сите опции и на крајот ќе видиме што ќе биде”.

Емери ја започна својата тренерска кариера во 2004 година во Лорка Депортива, а подоцна ги водеше Алмерија, Валенсија, Спартак Москва, Севиља, ПСЖ и Арсенал.

ПОВРЗАНО

Серија А