ФУДБАЛ

Емери: Нејмар е во состојба да биде најдобриот во светот

Емери кој од 2016 до 2018 година го водеше ПСЖ, верува дека Нејмар може да стане најдобриот во светот.

„Имав неверојатна година со него. Научив многу од начинот на кој тој работеше на секоја тренинг сесија и на секој натпревар. Нејмар е многу талентиран и ги има потребните квалитети за да го отелотвори овој талент. Мислам дека е во состојба да го земе диригенството од Меси и Роналдо и да стане најдобриот играч на светот. Тој има време да го стори тоа“, вели Емери во изјава за „АС“.

Емери го предводеше ПСЖ од 2016 до 2018 година.