Шпанскиот стручњак на клупата на Арсенал Унаи Емери потврди дека Алекс Ивоби ќе потпише нов договор со клубот.
Ивоби има уште две години од договорот со Арсенал, а клубот неодамна тргна во акција за продолжување на истиот, па Емери сега потврди дека работата е блиску до реализација.
„Ме информираа дека е скоро готово“ кратко прокоментира тренерот Емери чија екипа моментално се наоѓа на припреми во Сингапур, а потоа додаде дека со нетрпение чека да ги види сите играчи на тренинзите.
„Како прво, сакам да работам со сите играчи и тие полека доаѓаат (по паузата од Светското првенство). Месут, Ивоби и Елнени почнаа да работат со нас, првата недела е многу добра. Моите информации кажуваат дека Ивоби ќе го продолжи договорот со нас“, порача Шпанецот.
Ивоби е „продукт“ на младинската школ на Арсенал, а минатиот месец настапи во дресот на Нигерија на Мундијалот во Русија.