Унаи Емери се одлучи да ги демантира постојаните наводи за заминување на Бразилецот Нејмар од неговиот клуб.
„Кога го донесовме од Барселона тоа беше со јасна цел. Клубот и претседателот сакаат да остане и тој ќе остане тука со нас. Затоа повикувам доста веќе со шпекулации“ – вели Емери за „Л’Екип“.
„Најважна работа е теренот и случувањата на него. Секој е прво човек, а потоа фудбалер. Разговарав со Нејмар, и тоа е многу позначајно од било која шпекулација. Адаптацијата на нова средина е различна за секој фудбалер. Некои се прилагодуваат побрзо, некои поспоро. Ние сите ќе му помогнеме што побрзо да се адаптира и на животот во главниот град на Франција, колку и да има проблеми со тоа“ – вели Емери.