ФУДБАЛ

Емери за Мартинез: „Ќе разговараме кога ќе дојде во клубот“

Однесувањето на аргентинскиот голман Емилијано Мартинез за време на Светското првенство во Катар, на официјалната церемонија, но и на прославата во неговата татковина, стана една од најважните теми во светот на фудбалот.

Мартинез очигледно отиде предалеку со гестикулации и провокации, пред се кон Килијан Мбапе, а додека Аргентинците му се восхитуваат како еден од хероите на титулата шампион на планетата, во Европа и остатокот од светот критиките се се посилни.

Особено на островот.

„Ќе разговараме кога ќе дојде во клубот “, изјави менаџерот на Астон Вила, Унаи Емери, тимот за кој настапува Мартинез.

Патрик Виера, легендата на Франција и менаџер на Кристал Палас, имаше што да каже за контроверзниот голман.

„Сликите на голманот што ги видов малку го расипаа она што Аргентина го постигна на Светското првенство. Мислам дека немаше потреба за тоа. Понекогаш не можете да ги контролирате емоциите, но мислам дека Мартинез направи нешто глупаво во церемонијата“, рече Виеира.

Мартинез на церемонијата непристојно гестикулираше со „Златната ракавица“ што му беше доделена како најдобар голман на турнирот.

Потоа побара „минутно молчење“ за Мбапе во соблекувалната, а подоцна за време на победничката парада во Буенос Аирес беше виден како држи кукла што претставува бебе чие лице беше покриено со фотографија од Мбапе.