ФУДБАЛ

Емилијано Мартинез продолжува да го „малтретира“ Мбапе

Голманот на аргентинската репрезентација Емилијано Мартинез продолжува со грдото однесување во славењето на победата на својата земја на Светското првенство во Катар.

По примитивниот гест со трофејот што го доби за најдобар голман и „минута молчење“ за Килијан Мбапе во соблекувалната, по враќањето во Буенос Аирес Мартинез продолжи да го довикува Мбапе – на 24-тиот роденден на француската ѕвезда, тој го одржа кукла бебе со ликот на Мбапе.

Работата да биде уште полоша, за време на прославата ја држеше веднаш до Лео Меси, кој е соиграч на Мбапе во Пари Сен Жермен.

Мартинез особено ја критикуваше изјавата на Мбапе дека Бразил и Аргентина не го подигнуваат нивото на игра за големите натпреварувања.

Аргентинскиот голман брани за Астон Вила од 2020 година, а претходно беше член на Арсенал од 2012 година, иако повеќе време мина на позајмица – Шефилд Венздеј, Вулверхемптон, Ридинг…