Фудбалерите на Реал го освоија Купот на кралот со 2:1 со победата против Осасуна. Лука Модриќ играше од 82. минута и со тоа го освои 23. трофеј во дресот на Мадрид. По натпреварот фудбалерите на Реал ја прославија победата со своите семејства кои истрчаа на теренот.
Семејството Модриќ се симна на теренот и сите заедно играа фудбал. Камерите уловија и посебен момент помеѓу Модриќ и неговата ќерка, кој брзо стана вирален на социјалните мрежи меѓу воодушевените навивачи на Реал.
https://twitter.com/MikaelMadridsta/status/1654987031112548352
„Да, сигурно ќе бидеш подобра од татко ти“, ѝ рекол Модриќ и ја прегрнал во текот на играта, а токму тогаш пред нив се појавила телевизиска камера која засекогаш го снимила тој момент.
الاسطورة لوكا مودريتش مع بنته: ستكوني افضل من والدك ، بالتأكيد. ❤️❤️ pic.twitter.com/jEusV2vEAE
— عالم مودريتش (@worldModric) May 7, 2023
