ФУДБАЛ

Емре Џан: „Го одбив Манчестер Јунајтед заради Ливерпул“

Јунајтед го сакаше на „Олд Трафорд“, но Џан рече „не“ затоа што во минатото го носеше дресот на Ливерпул.

Емре Џан зборуваше за тоа што му се случи во минатото.

Тој го напушти Ливерпул како слободен играч, се пресели во Јуве, но не играше премногу таму и единственото решение беше да си замине.

Борусија Дортмунд не се двоумеше и се потруди да го добие, на крајот успеа.

Сепак, по неколку месеци, Џан се присетува и зборува за клубовите што ги бараше покрај Дортмунд и отворено рече дека Манчестер Јунајтед многу го сакал, но поради Ливерпул и неговата љубов кон тој клуб, тој решил да ги одбие ’црвените ѓаволи’.

„Отсекогаш сум ја сакал Борусија Дортмунд, тоа е совршен клуб за мене. Сакам клуб каде би можел да бидам важен“, рече тој за Кикер. .

„Не останав во Ливерпул или Јувентус заради мојот менталитет. Може да научите од губење, но победата е поважна. Мразам да губам“.

„Имав три понуди од Англија, една беше од Манчестер Јунајтед. Не го одбув заради Ливерпул. Парите се важни, но не се сè“, додаде Џан.