ФУДБАЛ

Емре Џан прво пристигна на позајмица, а сега и официјално е член на Борусија

Емре Џан минатиот месец дојде на позајмица во Борусија Дортмунд, но германскиот клуб веднаш го откупи неговиот договор.

Џан склучи договор за заем со Борусија до летото 2020 година, но германскиот гигант денеска објави дека го откупил неговиот договор за 25 милиони евра.

Германскиот репрезентативец постигна спектакуларен против Баер во поразот од 4:3 кога дебитираше за Борусија. Очигледно, тоа мајсторство било доволно за челниците на Борусија да го „врзат“ до летото 2024 година.

Тој дојде во Јуве како слободен агент од Ливерпул во летото 2018 година, но Маурицио Сари не му веруваше премногу и јасно беше дека тој ќе го напушти Торино оваа зима.

Тој ќе игра вечерва со новиот клуб за 1/8 финале во Лигата на шампионите против ПСЖ.