ФУДБАЛ

„Енфилд е најлошиот стадион на кој сум играл“

Вечерва на програмата е првиот натпревар од полуфиналето на Лигата на шампионите помеѓу Ливерпул и Виљареал, а благата улога на фаворит му припаѓа на англискиот тим.

Шпанците се свесни дека ги очекува пеколна атмосфера од првата до последната минута, но се подготвени на се.

Гостинскиот играч од средниот ред Етјен Капуе вели дека знае што ги чека.

“Тоа е пекол, Енфилд е пекол. Морам да кажам така. Тоа е најлошиот стадион на кој сум играл, таму сте 90 минути во пеколот”, рекол Капуе.

Во Англија играше за Тотенхем и Ватфорд, па јасно е дека добро ја познава атмосферата во домот на Ливерпул.

Виљареал го исфрли Баерн во последното коло од Лигата на шампионите, поточно во четвртфиналето.

Шпанците тогаш го потврдија својот квалитет и јасно е дека нема да му биде лесно ниту на Ливерпул.

Ливерпул на два меча беше подобар од Бенфика.