Коњаспор потпиша двегодишен договор со македонскиот репрезентативец Енис Барди.
Барди ја започна својата фудбалска кариера во младинската академија на македонскиот клуб ФК Шкупи, а потоа играше за Преспа Бирлик, ФК Ујпешт, Леванте, а во Турција за Трабзонспор и Бодрумспор.
Барди ќе го носи дресот со број 10. Според информаџиите од Турција, Барди ќе има 1 милион евра годишна плата.
