ФУДБАЛ

Енрике: Ќе примевме повеќе голови да и требаа на Јапонија!

Селекторот на шпанската фудбалска репрезентација Луис Енрике по поразот од Јапонија со 1:2 изјави дека во моментите кога се постигнувале головите, фудбалерите на Јапонија „летале“ покрај неговите избраници.

Шпанија во третото коло од групата Е на Мундијалот беше поразена од Јапонија со 1:2 и групната фаза ја заврши на второто место со четири бода.

„Тие пет минути беа неверојатни. Тотална паника кога примивме два гола. Ќе примевме повеќе ако и требаше на Јапонија. Тие летаа покрај нас“, рече Енрике.

Првото место во групата го освои Јапонија со шест бода, а натпреварувањето го завршија Германија и Костарика.

„Ако ги оставам тие пет минути на страна, можам да бидам задоволен. Остатокот од времето ја контролиравме играта. Сакавме пресврт. Сакавме победа и прво место во групата. Искрено, ме нервира што не сме први во групата. Секоја чест за Јапонија, тие заслужија да бидат први“ , додаде Енрике.

Шпанија во осминафиналето ќе игра против Мароко, а Јапонија со Хрватска.