Манчестер Јунајтед и Ливерпул тргнаа по Енцо Фернандез, а потоа во игра влезе и Челзи кој според последните информации ја доби битката за новиот светски шампион.
Како што објави познатиот спортски новинар Фабрицио Романо, аргентинскиот играч за врска Енцо Фернандез се договорил со „сините“ и прифатил преселба на „Стемфорд Бриџ“.
Останува неговиот сегашен клуб Бенфика да се договори со Челзи за висината на трансферот и динамиката на плаќање.
Имено, 21-годишниот фудбалер има договор со Бенфика до 2027 година, но и откупна клаузула според која е слободен за 120.000.000 евра.
Наводно, Челзи не сака да ја плати оваа огромна сума одеднаш, „сините“ сакаат да го купат Фернандез на рати, со тоа што на крајот таа бројка би ги надминала бараните 120.000.000 евра.
Фернанез дојде во Бенфика ова лето од Ривер Плата за 12.000.000 евра. Колку покажа за шест месеци доволно говори и фактот што ќе биде продаден за 10 пати поголема сума.