Играчот од средниот ред на ПСЖ, Андер Ерера би можел да се врати во шпанската Ла Лига, тврди Тим.
Извори на изданието тврдат дека 32-годишниот фудбалер има голема можност кариерата да ја продолжи во Атлетик Билбао и на слободен трансфер.
Тој веќе беше дел од Баскијците во периодот од 2011 до 2014 година пред да се пресели во Манчестер Јунајтед.
Минатата сезона Ерера одигра 28 натпревари за ПСЖ и постигна 4 гола со 2 асистенции.