ФУДБАЛ

Ериксен доби специјална покана, дали доаѓа на финалето?!

УЕФА одлучи да испрати специјална покана до данскиот репрезентативец Кристијан Ериксен.

Ериксен имаше срцев удар на првиот натпревар на Данска на ЕУРО против Финска, но брзата интервенција на лекарскиот тим му го спаси животот.

На крајот на краиштата, Ериксен е добро и моментално се опоравува дома, а УЕФА сака играчот од средниот ред на Интер со неговата сопруга и медицинските работници кои го спасија да дојде на Вембли за финалето на Европското првенство.

Финалето се игра во недела на култниот стадион, а таму може да биде и Данска на Еркеин.

Данците утревечер играат полуфинален натпревар против Англија, исто така на Вембли, а натпреварот помеѓу Италија и Шпанија се игра на истиот стадион.

Инаку, неодамна за прв пат се појави фотографија од Ериксен во јавноста по непријатни сцени, и тој изгледаше навистина добро и позитивно.

Исто така, Ериксен ги следи данците на ТВ, и по секој натпревар им испраќаше групна порака на своите соиграчи, кои го воодушевија со пласманот во полуфиналето.