ФУДБАЛ

Ериксен го напушта Интер во јануари и веќе е познато за кој клуб ќе потпише?

Интер пред неколку дена објави дека Кристијан Ериксен не смее да игра за италијанскиот клуб оваа сезона.

Ериксен летово доживеа срцев удар на Европското првенство, по што едвај преживеа, но за среќа успеа да се опорави.

Данецот тренираше со тимот на Интер веќе два месеци, но пред неколку дена беше потврдено дека челниците во Серија А не му дозволуваат да игра за својот клуб до крајот на оваа сезона.

Во Италија важи правилото дека играч со дефибрилатор кој помага и го контролира отчукувањата на срцето не смее да игра на официјални натпревари.

Затоа, речиси е сигурно дека Интер во јануари ќе го продаде данскиот фудбалер, бидејќи сака да замине некаде каде што ќе може да игра. Клубот е подготвен да го пушти Ериксен без обештетување бидејќи се свесни за ситуацијата во која се наоѓа.

Како што пишува „Кориере дело Спорт“, Ериксен има неколку понуди на маса, но најмногу се шпекулира дека би можел да се врати во Ајакс кој го посакува во својот тим, без разлика на неговата состојба.

Интер би заштедил дури 7,5 милиони евра колку што заработува Ериксен годишно и затоа е подготвен да го пушти и без обештетување.

ПОВРЗАНО

Серија А