Данската фудбалска репрезентација се пласираше во нокаут фазата на ЕУРО, заземајќи го второто место во групата Б, а во третото коло ја совлада Русија со 1:4.
Данците подобро го отворија мечот, бидејќи триумфот ги остави во игра за нокаут фазата.
Тие во неколку наврати се заканија на голот на Русија. Брајтвајт имаше сериозна можност во 18-тата минута, а потоа Поулсен во 25-тата, сепак остана 0:0.
Паркен експлодираше во 38-та минута кога Дамсгард со одличен погодок и донесе водство на Данска од 0-1, а тоа беше резултат на првото полувреме.
Слична игра продолжи на теренот, а во 59. минута Поулсен погоди за 0:2.
Русија не се предаде. Во 70-та минута кога беше досуден пенал, а сигурен реализатор за 1:2 беше Џyиуба.
Голот на Русите не ги вознемири Данците, кој ги продолжија нападите. Долберг имаше шанса во 74-та минута.
Во 80-та минута билјард пред голот на Русија, а Кристијансен истрча на една блокирана топка и ја заби во мрежата за 1:3.
До крајот на мечот Мехле го постигна четвртиот гол во 82-та минута за конечни 1:4.
Данците имаа корис и од вториот натпревар каде Белгија ја совлада Финска со 0:2, а Данците заминаа во нокаут фазата со три бода како второпласирани, додека Финците со три бода ќе го чекаат исходот на третопласираните селекции , Русите си одат дома.
По првото коло и целата ситуација околу Ериксен, кој се бореше за живот, Данците собраа сили, се вратија и сега ги чека нокаут-фазата на ЕУРО.