ФУДБАЛ

Ериксен постигна гол од слободен удар на првиот натпревар за Манчестер Јунајтед

Данскиот играч за врска Кристијан Ериксен пред десет дена официјално потпиша за Манчестер Јунајтед.

 

Ериксен потпиша тригодишен договор со „црвените ѓаволи“, иако сите го отпишаа пред една година кога доживеа срцев удар на Европското првенство.

 

Сепак, по фантастичната полусезона во Брентфорд, тој го привлече вниманието на многу клубови и на крајот реши да потпише за Манчестер Јунајтед.

Ериксен веќе дебитираше во дресот на Јунајтед на пријателскиот натпревар против нисколигашот Рексам. Јунајтед го доби овој натпревар со 4:1, а истиот беше затворен за јавноста.

Сепак, англиските медиуми открија дека Ериксен веќе постигнал гол во првиот настап за Јунајтед, гол од слободен удар.

 

Амад, Гаранчо и Алекс Телес се уште ја погодуваа мрежата за Рексам. Овој натпревар требаше да го одиграат најмногу помладите играчи на Манчестер Јунајтед, но Ерик тен Хаг реши да настапат и некои од поискусните играчи.

Играше и новиот играч на Јунајтед, Лисандро Мартинез, кој пред неколку дена потпиша за „црвените ѓаволи“.

 

На овој меч беше присутен и Кристијано Роналдо, кој пред неколку дена конечно се приклучи на подготовките, но Португалецот не настапи и мечот го следеше од трибините со Бруно Фернандеш, Маркус Рашфорд и Хари Мегваер.