Кристијан Ериксен пристигна во Милано со приватен авион, каде што денес ќе помине медицински тестови, пред да го комплетира трансферот во Интер од Тотенхем за 20 милиони евра.
Тој беше пречекан на аеродромот од директорот на тимот на Интер, Матија Таглиаркан и група новинари.
Данскиот репрезентативец полета од Лондон по една недела напнати преговори меѓу двата клуба.
Договорот беше постигнат викендов за 20 милиони евра.
Шефот на Интер, Бепе Марота се надеваше дека ќе го убеди Тотенхем да ја намали цената на 27-годишниот, знаејќи дека ќе биде слободен агент по шест месеци, но англискиот клуб одби и успеа.
Ериксен е трето засилување на Интер во Премиер лигата во јануари, откако Ешли Јанг дојде од Манчестер Јунајтед и Виктор Мозес од Челзи.
https://twitter.com/TuttoMercatoWeb/status/1221725402051358720