Данскиот играч од средниот ред се очекува да го напушти Тотенхем во јануари. Го сакаат во Серија А, но Ериксен повеќе ја сака Ла Лига.
Креативниот фудбалер во моментов е во последната година од неговиот договор со лондонскиот клб, но изгледа дека ќе замине пред да заврши неговиот договор.
Европскиот вице-шампион, може да го загуби играчот без да заработи пари следното лето.
Ериксен изрази желба да замине минатото лето, но на крајот немаше ништо конкретно.
Ниту пристигнувањето на тренерот Жозе Мурињо не го натера играчот да се премисли.
Ериксен е посакуван во Италија, во Јувентус и Интер, но предноста останува на Ла Лига, каде наводно го следи Реал Мадрид.