Англиските медиуми вчера објавија дека Кристијан Ериксен е на чекор од потпис за Брентфорд.
Ериксен ќе се врати на терените по повеќе од половина година, а повторно ќе игра во англиската Премиер лига откако неодамна го напушти Интер.
Данецот нема играно од јуни кога доживеа инфаркт на Европското првенство и едвај преживеа, но одлучи дека се уште не сака да ја заврши кариерата и е подготвен да се врати на терените.
Ериксен претходните месеци тренираше со Интер, но мораше да го напушти овој клуб бидејќи поради здравствената ситуација немаше право да игра во Серија А.
Но, како што стојат работите, Данецот ќе се врати во ПЛ бидејќи е пред потпис за Брентфорд, а наскоро се треба да се официјализира.
Сепак, англиските медиуми пренесуваат дека тој останал со најголемиот услов што мора да го исполни пред да го потпише договорот. Имено, Ериксен ќе мора да направи детален лекарски преглед, а очекувано најмногу ќе се следи неговото срце.
Доколку се биде како што треба, се очекува Ериксен до крајот на оваа сезона да потпише договор со можност за продолжување на соработката на уште една година.