Кристијан Ериксен се враќа на фудбалските терени.
Данскиот фудбалер договорил се со Брентфорд, а оваа недела тоа би требало да биде официјална потврда од лондонскиот клуб.
Додека се чекаат последните детали околу трансферот во Брентфорд, Ериксен ја одржува формата со поранешниот клуб.
Имено, Данецот оваа недела е на тренинзите на Ајакс, каде тренира лесно и чека повик од Лондон.
Legends are always welcome ♥️@ChrisEriksen8 is training with Jong Ajax this week. The Danish international is working to keep his fitness levels until he finds a new club.
— AFC Ajax (@AFCAjax) January 25, 2022
Ериксен ќе се врати на теренот по повеќе од половина година, а повторно ќе игра во англиската Премиер лига откако неодамна го напушти Интер.
Данецот нема играно од јуни кога доживеа инфаркт на Европското првенство и едвај преживеа, но одлучи дека се уште не сака да ја заврши кариерата и е подготвен да се врати на терените.
Сепак, англиските медиуми пренесуваат дека тој останал со најголемиот услов што мора да го исполни пред да го потпише договорот. Имено, Ериксен ќе мора да направи детален лекарски преглед, а очекувано најмногу ќе се следи неговото срце.
Брентфорд и Еркисен ќе договорат соработка на половина година, со можност за продолжување на уште една година.