ФУДБАЛ

Ериксен воодушевен од дербито „Дела Мадонин“: Ова го нема во Англија…

Данскиот фудбалер Кристијан Ериксен е воодушевен од атмосферата од натпреварот меѓу Интер и Милан.

Потсетете се дека екипите на Милан и Интер синоќа го одиграа дербито „Дела Мадонина“, во кое Интер славеше победа од 4:2 по фантастичните 90 минути.

Ериксен влезе во игра во второто полувреме и по натпреварот рече дека нема таква атмосфера во Англија каде претходно играше …

„Се прашував што е ова… Тоа беше неверојатно искуство, нешто што го нема во Премиер лигата“, рече Ериксен, додавајќи:

„Навивачите подготвија спектакуларна кореографија што ја покирија целат трибина. Ова не се случува во Англија, делумно затоа што не им е дозволено. Овде, навистина чувствувате дека навивачите ве туркаат од моментот кога клупскиот автобус ќе пристигне пред стадионот. Удираа по возилото, ја осеќата нивната страста и колку е важен тој натпревар за нив“.

Патем, Интер повторно е на врвот на Серија А по синоќешната победа затоа што има подобра гол разлика од Јувентус, кој исто така има 54 поени.

ПОВРЗАНО

Премиер ЛигаСерија А