ФУДБАЛ

Ернандез предупредува: Баерн не смее да го потцени Виљареал

Би било големо изненадување Виљареал да излезе како победник од дуелот со Баерн, а сепак бундеслигашот мора да биде многу внимателен.

Тоа го вели дефанзивецот на Баерн и француски репрезентативец Лука Ернандез.

Жолтата подморница го изненади Јувентус во претходното коло. По 1:1 во Шпанија, таа победи во Торино со 3:0.

„Го гледав Виљареал во осминафиналето. Овој тим е многу организиран во одбраната и агресивен во текот на целиот натпревар. Има и солидeн среден ред и офанзивна линија. Генерално, не смееме да ги потцениме, но сакаме да ги добиеме двата меча“, изјави Лука Ернандез.

Првиот натпревар од четвртфиналето на Лигата на шампионите помеѓу Виљареал и Баерн се игра во среда од 21 часот на стадионот „Де ла Керамика“.

ПОВРЗАНО

Бундеслига