ФУДБАЛ

ESPN: „Франција е првиот фаворит за освојување на Светското првенство во 2026 година“

Франција е најголемиот фаворит за освојување на титулата на Светското првенство кое во 2026 година ќе се одржи во Канада, САД и Мексико, објави денеска ЕСПН.

Репрезентацијата на Аргентина го освои Светското првенство во Катар, бидејќи синоќа по подоброто изведување пенали ја победи Франција и со тоа ја одзеде титулата.

“Кој ќе победи на следното СП? Французите. Ако се сомневате во Франција, можете повторно да се обложите на оваа репрезентација. Килијан Мбапе тогаш ќе има 27 години, а ќе биде поддржан од голем број нови таленти, што Французите систем произведува. Но, Италија и Германија ќе имаат добри репрезентации во 2026 година“, се наведува во текстот на ESPN и се додава дека тоа е прерана прогноза за идниот шампион на Мундијалот во 2026 година.

На следното Светско првенство ќе учествуваат 48 репрезентации, но се уште не е познат системот на натпреварување.

Американските медиуми очекуваат Мбапе и Норвежанецот Ерлинг Халанд да се борат за најдобар стрелец на СП 2026 година.

„Халанд ќе ја освои „Златната копачка“ доколку Норвешка се пласира на Светското првенство. Најдобар голман ќе биде Италијанецот Џанлуиџи Донарума, а најдобар млад фудбалер Германецот Џамал ​​Мусиала. Најголемото изненадување на Мундијалот ќе биде Мексико, кој би можел да стигне до полуфиналето на Мундијалот.“ завршува прогнозата на американските медиуми.

ПОВРЗАНО

Светско првенство 2026