ФУДБАЛ

Еуфорија во лондонскиот клуб: Тотенхем договори уште едно големо засилување

Челниците на Тотенхем ова лето одлично си ја вршат работата и успеаја да договорат уште едно големо засилување.

Лондонскиот клуб сака да биде конкурентен во борбата за титулата англиски шампион следната сезона, и конечно да го освои трофејот кој долго го чекаше во овој клуб.

Ова лето челниците на Тотенхем решија да дадат се од себе за да доведат нови играчи и во моментов им оди многу добро.

Имено, Тотенхем денеска успеа да договори фантастично засилување бидејќи за овој клуб ќе потпише Ричарлисон кој веќе неколку сезони игра на одлично ниво во дресот на Евертон.

Фабрицио Романо утринава објави дека се е веќе готово, а Ричарлисон се договорил со Тотенхем. Клубовите ги договориле сите услови на трансферот кој најверојатно ќе биде официјализиран утре.

Евертон од продажбата на Ричардсон ќе заработи околу 60 милиони евра, што е одлична зделка за клубот од Гудисон.

Ричарлисон денеска ќе ги направи медицинските тестови во Бразил каде е на одмор, а следната недела ќе пристигне во Лондон каде и официјално ќе биде претставен како ново засилување на Тотенхем.