Ракометарите на Еурофарм Пелистер денеска остварија лесна победа против Скопје 2020, во рамките на 7. коло на Суперлигата. Битолчани без проблеми издвојуваа висока победа од 38:12 на домашен терен.
Домашната екипа започна со цврста игра уште од самиот почеток. Достите немаа одговор на одличните напади и цврстата одбрана на Еурофарм Пелистер, па очекувано беше високото водство од 17:5 на домашната екипа на полувремето.

Еурофарм Пелистер продолжи со одличната игра и во второто полувреме и на крајот заслушено славеше со високи 38:12

Еурофарм Пелистер сега се подготвува за дуелот со Ним во вторник.