Еурофарм Работник го доживеа четвртиот пораз во петтиот натпревар во Лигата на шампионите, во речиси полната сала „Боро Чурлевски“. Попладнево во Битола, се радуваше Татран Прешов со минимални 24:23, полувреме 14:13.
Најефикасен во домашниот тим беше Острушко со 8 погодоци, додека, Граџан постигна пет.
Во спротивниот табор Рабек постигна 7 погодоци.