Евертон ова лето сакаше да го доведе холандскиот репрезентативец Дони Ван де Бек на позајмица од Манчестер Јунајтед.
Сепак, челниците на Јунајтед ја отфрлија понудата, објаснувајќи дека Холанѓанецот е во плановите на Оле Гунар Солскјер. Се испостави дека тоа не е точно, со оглед на тоа што Ван де Бек доби шанса само на Карабао купот оваа година.
„Навистина го сакавме Дони во тимот. Побаравме разговор со Јунајтед, но тие ни рекоа дека сметаат на него. Во еден момент ни се јави неговиот агент и рече дека постои можност заемот да се реализира. Сепак, повторно, некој запре се во последен момент“, рече Холанѓанецот Марсел Брандс, технички директор на Евертон.
Во Премиер лигата, Ван де Бек одигра само шест минути оваа сезона. Тој го започна натпреварот против Јанг Бојс во Лигата на шампионите, но беше изваден на полувреме.
„Сите сакаат да играат. Тоа е случај и со Дони. Не му е лесно на клупата. Никој не го знае тоа подобро од мене, бидејќи јас сум бил во слична ситуација во Јунајтед многу пати како играч. На него останува да работи и да се наметне. Тоа не се однесува само за него, туку за сите играчи“, истакна Солскјер.